ДОБИВАМЕ ПОМОДЕРНА И ПОУБАВА ОПШТИНА Муцунски објави видео од новиот комплекс „Патрик“ и најави нови капитални проекти
Ветивме поубава, модерна и урбана општина, а со силна заложба и преку континуираните инфраструктурни проекти и инвестиции, ветувањата стануваат реалност“, истакна Муцунски во својата објава.
„Патрик“ сега е нов, модерен рекреативен комплекс на површина од 1.600 квадратни метри. Убав почеток на годината во која реализацијата на капитални инвестиции ќе биде приоритет во нашето работење.
Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски споделувајќи видео од комплексот, а притоа зборувајќи за новите капитални проекти кои ќе бидат приоритет во Аеродром оваа година.
„Ветивме поубава, модерна и урбана општина, а со силна заложба и преку континуираните инфраструктурни проекти и инвестиции, ветувањата стануваат реалност“, истакна Муцунски во својата објава.
Освен реконструкцијата на спортскиот комплекс „Патрик“, општината започна постапката за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“, а наскоро започнува реализацијата на уште една инвестиција во чии рамки ќе се изврши доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.