ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА АТИНА Поставен експлозив пред влез на банка

Eксплозивот бил поставен околу три часот утрово, а оштетен бил влезот на зградата во која е сместена филијалата на Еуробанк, трета по големина банка во Грција.

101

Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта пред влез на филијала на банка во атинска населба во централниот дел на градот. Од експлозијата предизвикана е материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, експлозивот бил поставен околу три часот утрово, а оштетен бил влезот на банката, како и автомобил паркиран во близина.






„Експлозијата го оштети влезот и скрши некои прозорци“, изјави претставник на локалната полиција, додавајќи дека некои згради во близина претрпеле мала штета.

Полицијата ги опколи повеќето улици во областа околу местото по предупредувачкиот телефонски повик до локалната информативна мрежа.

Еуробанк е трета по големина банка во Грција според активата. Нападите врз компании, полицајци и политичари се чести инциденти во Грција,

Поврзани содржини