📷 И ПУТИН „СКОКНА“ ПО КРСТОТ Рускиот претседател се капеше во ледена вода за Водици

Православните верници ширум светот денеска го слават Христовото крштевање, еден од најголемите христијански празници.

1,472

Рускиот претседател Владимир Путин утрово се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление Водици, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна новинска агенција Тас.

На прашањето дали 71-годишниот претседател се капел за Богојавление, Песков одговорил:






– Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата.

Православните верници ширум светот денеска го слават Христовото крштевање, еден од најголемите христијански празници.

Поврзани содржини