📷 КОЛКУ ГОДИНИ ИМА КИМ ЈОНГ УН? Тоа е тајна, а тајна е и зошто е тајна

Роденденот на Ким никогаш не беше откриен во јавноста, но ако набљудувачите се точни, тој го прослави настанот во понеделникот на 8 јануари, истиот ден кога беа објавени официјалните фотографии од него и неговата ќерка во посета на фарма за кокошки.

265

Се верува дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наполнил 40 години, но тој факт останува тајна во земјата која ги слави родендените на неговиот татко и дедо како државни празници. Роденденот на Ким никогаш не беше откриен во јавноста, но според Википедија и некои податоци на набљудувачи, тој го прослави настанот во понеделникот на 8 јануари, истиот ден кога беа објавени официјалните фотографии од него и неговата ќерка во посета на фарма за кокошки.






Родендените на неговиот татко Ким Jонг Ил на 16 февруари и на дедото Ким Ил Сунг на 15 април се слават како национални празници во Северна Кореја. Ким, кој ја презеде функцијата врховен лидер во 2011 година, никогаш не го прославил својот роденден јавно како неговите претходници, чии родендени се познати по големите воени паради.

На Википедија стои дека лидерот на Северна Кореја е роден на 8 јануари 1982, 1983 или 1984 година?!

Зошто роденденот на Ким остана тајна не е познато. Во јануари 2020 година, севернокорејските власти му се заблагодарија на тогашниот претседател Доналд Трамп за неговите роденденски желби за Ким, но не прецизираа кој ден се случило.

Отприлика во исто време во 2014 година, кошаркарот Денис Родман му пееше „Среќен роденден“ на Ким пред публиката пред егзибициониот кошаркарски натпревар во Пјонгјанг. Тоа останува единствено јавно оддавање почит на роденденот на севернокорејскиот лидер.

фото: ЕПА

 

Постојат многу теории зошто Ким го крие својот роденден. Некои мислат дека е можно тој да не сака да привлече несакано внимание на неговата покојна мајка, која е родена во Јапонија – земја во која Северна Кореја нема доверба.

Сепак, сето тоа може да се промени во иднина. Роденденот на Ким Јонг ИЛ, наводно, станал официјален празник кога наполнил 40 години во 1982 година, а роденденот на Ким Ил Сунг станал празник кога наполнил 56 години во 1968 година.

Поврзани содржини