РУСКИ АВИОНИ ПАК ЈА БОМБАРДИРАА УКРАИНА На удар градот Днипро

Распоредени и се и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама). Во Украина се издадени предупредувања за воздушен напад.

687

Руските воздухопловни сили уште еднаш ја бомбардираа Украина со проектили.

Украинските медиуми утрово објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро.






Според набљудувачите, речиси десетина стратешки бомбардери истрелале крстосувачки ракети врз цели во Украина. Биле распоредени и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама).

Во Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад.

Земјата се брани од руската инвазија повеќе од 22 месеци. Москва веќе распореди илјадници проектили против цели во Украина.

Поврзани содржини