БЕКИМ НЕЗИРИ ОД ДУИ ГО ПРЕДВОДЕЛ УПАДОТ ВО М-НАВ Екс-министерот за економија бил дел од групата што дивјачки тепала вработени во Контрола на летање
Заедно со Незири во упадот М-НАВ и тепањето на вработени во Контрола на летање, бил и неговиот баџанак Лабинот Ќерими кој работи во истата институција и членови на ДУИ од Чаир.
Упадот во М-НАВ и тепањето на контролорите на летање го предводел Беким Незири, екс-министерот за економија од редовите на ДУИ, кој сега работи во М-НАВ, објави Вечер.мк
Според извори на порталот, заедно со Незири во упадот М-НАВ и тепањето на вработени во Контрола на летање, бил и неговиот баџанак Лабинот Ќерими кој работи во истата институција.
Упадот на партиски активисти на ДУИ од Чаир во М-НАВ се случил веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски. Тие без да бидат сопрени од обезбедувањето, влегле во зградата на М-НАВ и по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив.
Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс, пренесува Вечер.мк.
ВО М-НАВ КАКО ВО АКЦИОНЕН ФИЛМ Нападнати вработени во Контрола на летање