🎥 НЕМА ФАКУЛТЕТ, НЕМА НИ СТАЖ, АМА ГЛАВНА Е ВО КАФАНА Веселата командирка од Мирковци е незаконски унапредена, тврди Синдикатот на полицијата

Сакаме јавно да му укажеме на министерот за внатрешни работи на недоследностите, незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри, а кои наместо да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници, реагираше Синдикатот на македонската полиција.

3,859

„Во интерес на јавноста, сакаме да ја известиме пошироката јавност во врска со продолжен серијал на избирање – подобни кадри кои се унапредуваат во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата“, информираат од Синдикатот на македонската полиција.

Во соопштението тие тврдат дека лице од тесна фамилијирана спрага – внуката М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која од пред некој ден е унапредена во командир на ПО Мирковци, и тоа во спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од само 5 години работен стаж.






„За новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна кон полициските службеници за изнуда на парична средства, а за кое и за одреден баран износ од 250 евра, и се доставени соодветни докази од (скрин шот фотографии) од испраќање пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања од претпоставената кон секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства во папка за командирката. Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР“, велат од Синдикатот и додаваат:

„Го приложуваме писменото известување за јавноста, со кое сакаме воедно и јавно да му укажеме на министерот  за внатрешни работи на недоследностите, незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри, а кои наместо истите да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР. Како и скрин шот фотографии од пораки со кои се потврдува вршење притисоци и изнуда на парични средства преку испратени пораки на социјалната  мрежа ‘Вибер’ кон полициските службеници на кого им е претспоставена новата командирка“, тврдат од Синдикатот.

Поврзани содржини