📷 АЛБАНКАТА ДРИТА ЗИРИ Е НОВАТА „MISS EARTH 2023“ Убавицата победи во конкуренција од 84 натпреварувачки
Албанката Дрита Зири во саботата беше крунисана за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам.
Албанката Дрита Зири во саботата беше крунисана за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми.
View this post on Instagram
Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал.
View this post on Instagram
– Дрита Зири, 18-годишната манекенка од Фуш-Круја, не е непозната за јавноста. Таа беше крунисана за „Мис Албанија 2022“ и учествуваше на „Мис глоби 2022“, каде ја доби втората награда и ја освои наградата „Мис бикини“ – наведуваат медиумите.
Круната и ја предаде јужнокорејката Мина Сју Чои, која ја носи титулата „Miss Earth 2022“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм