Циркуларна економија, модерни технологии и рударство

1,400

Пред да навлеземе во елаборација за комплетната индустријализација која на Македонија ќе ѝ донесе благодет и финансиска стабилност и мир, и тоа со примена на циркуларната економија и модерното рударство, за жал, морам повторно да ја почнам колумната со вивисекција на два парадокса кои се случија во меѓувреме.

Парадокс број 1: Министерката за животна средина и просторно планирање дава целосна поддршка на еко активисти кои се против мали хидроцентрали и рудници со објаснување дека со нивната изградба ќе биде нарушен целосниот биодиверзитет и тоа според неа морало да се спречи. Аргументацијата за овој став се бајати предлог проекти кои во меѓувреме се менуваат и  усогласуваат со позитивните законски решенија изгласани во нашиот законодавен дом.






Истовремено, надлежната министерка демонстрира и двојни аршини. Така, на пример, за хидроцентралата Чебрен вели дека нема да ги дава податоците од проектот во јавноста, сѐ додека проектот нема да биде целосно завршен. Министерката Шукова ќе мора да се одлучи кога и во кој момент за некого е мајка, а за некого маќеа. И имам апсолутно право да ја критикувам за нејзиниот начин на министерување од една и едноставна причина: ПРЕД ЗАКОНОТ СМЕ СИТЕ ЕДНАКВИ. Односно да ѝ објаснам што значи либерализам. Државата носи правила и не смее никого да дискриминира или ограничува да се повикува на државните регулативи за инвестиции. Особено пак што во еден случај станува збор за инвестиција со чија реализација ќе се вработат директно или индиректно 15.000 граѓани, кои ќе имаат европски плати, ќе останат да живеат во Македонија, ќе добијат стручна наобразба од врвни македонски научници, дел од нив ќе се вклучат и во образовниот процес и при тоа целосната индустријализација на државата гарантира економски бум во вкупна вредност од 70 милијарди евра.

Да резимирам, јас немам лично ништо против г-ѓа Каја Шукова. Но, таа мора конечно да разбере дека сѐ додека е министер таа нема право на личен став. Повторувам, изградбата на нови рударски капацитети во Македонија е прашање на иднината кое надминува еден политички мандат на Собрание, Влада, Претседател на Републиката, градоначалници и локални совети. Ова прашање не смее да се става во контекст на дневно-политичка агенда и предизборни калкулации. Едноставно, долгорочната економска стабилност на нашата татковина зависи од правецот кој ќе го фатиме токму по прашањето на индустријализацијата.

Парадокс 2: На една телевизија се случи емисија која наводно се грижи за екологијата на која се изнесоа еден куп навреди кон научниците и еден куп невистини како дел од стратегијата за дискредитација и ширење неоснована паника, страв и омаловажување на сите кои мислат поинаку. Ценетите колеги од оваа ТВ знаат дека јас ги познавам сите медиумски правила и дека водителите и гостинот, а сите се актери, ја ставија истава телевизија во неповолна положба. Бидејќи копродукција е продукција на самата ТВ и истата радиодифузна организација понесува целосна одговорност за екскурзиите на надворешната продукција. Еве дел од репертоарот на навреди и манипулации.

Замислете, тие кои поддржуваат отворање рудници биле на психотропни супстанци. Еве јас лично ова го книжам како обид за привлекување внимание и уште еден знак на слабост и недостиг на аргументи. Но, бидејќи јас сум навикнат на вакви глупости не сум потресен, но клучната дилема е дали водителот на емисијата е свесен кого сѐ стави во категорија – наркомани. Така на пример еден од поддржувачите на изградба нови рударски комплекси е и проф. д-р Александар Димитров. Во два мандата декан на Технолошко-металуршкиот факултет и раководител на Институтот за екстрактивна металургија. Ученик на научниците по физичка хемија Светомир Хаџи Јорданов, Тома Грчев и Љупчо Арсов, а овие пак ученици на Панче Кирков. Последниов на времето е најскапо платениот научник по Физичка хемија во СФР Југославија.

Проф. д-р Димитров и тимот од Институтот за екстрактивна металургија се најгласните во делот за индустријализација на Македонија, во кое предничи отворање рудници, со најмодерна достапна технологија за комплетна грижа на животната средина, зачувување на металот во Македонија, да се изврши комплетна завршна обработка овде и Македонија да осигура економски промет од 70 милијарди евра. Ако овој човек, општественик, научник според критериумите на водителот е наркоман, тогаш каква етикета заслужуваат некои наши ценети актери, чиј автомобил им пливаше во реката Вардар или самите раскажуваат за своите мултидимензионални зависности. Јас воопшто не сакам да го туркам носот во нечии приватни животи. Напротив, мене овие актери ми се драги и нивното актерство исклучително го ценам, но мислам дека е крајно време да почнеме да внимаваме што пласираме во јавност. Не значи дека ако сте добиле грант за еколошка емисија дека треба да се докажувате колку наводно ја браните животната средина (која во меѓувреме е само нечија тезга) со вакви приземни и недостојни квалификации.

Некогаш за да се привлече внимание се пласираат и многу невистини. Невистините се за еден рудник, но со истата приказна за сите други рудници. Во самата емисија се искажаа следниве. Ве молам внимателно читајте:

– Рудник ќе имало во сред поле. МАНИПУЛИРААТ. Рудникот е во ридот.

– Ќе имало експлозии со енормна прашина. НЕВИСТИНА. Во сите рудници сега се користи „имплозија“ која го растресува земјиштето за полесно копање и со бучава нормална за човеково уво.

– При мелењето на рудата ќе се создавала енормна прашина и истата ќе одела во полето. МАНИПУЛАЦИЈА. Мелење на руда се врши во систем како „мелница за кафе“. Прашината е во мелницата, од едноставна причина, никој не сака металот од кој заработува да му побегне, впрочем исто како кафето кое се меле.

– Ќе имало ЅО2 (сулфур диоксид) и ќе се создавале кисели дождови кои ќе го срамнеле струмичкото поле. НЕТОЧНО. За да има вакво нешто треба да има печка, тоа се вика пирометелургија. Тоа не постои. Се користи вода и тоа се вика хидрометалургија.

– Велат ќе имало брана висока 226 метри. СЕ ПРАВАТ НЕДОВЕТНИ. Самата компанија го послуша советот од еден и единствен состанок на научници предводени од проф. д-р Александар Димитров да се оди со минимално користење на рударска вода и со сува постапка. БРАНА НЕМА ДА ИМА И ЗАТОА ИНВЕСТИТОРОТ ДОСТАВИ ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ!

Впрочем големите „ЕКО“ познавачи на чело со водителите и нивниот гостин Стојан „ТРН“ Велков немаат образовен капацитет да разберат металуршки процеси од типот лужење на злато со тиосулфат во комбинација со касетно одлагање на суви јаловишта. Инаку ТРН е рефлексија на обидите за масовна деградација на научната мисла во општеството. Да, од такви трнови страдаме. Проблемот е што вакви ликови одработуваат за центри на моќ кои ја злоупотребуваат нивната лековерност. Нивната лажна еко посветеност е обланда за вистинската цел на АНТИ НАТО структурите, кои сакаат Македонија и понатаму да се држи во заложништво наместо да граби напред.

Сепак, овие АНТИ НАТО и АНТИ МАКЕДОНСКИ елементи сѐ повеќе се нервозни бидејќи се прочитани и не можат и понатаму да ги продаваат нивните манипулации како апсолутна вистина. Научниците се будни, свесни, совесни и државнички настроени за благодетот на сите граѓани на Македонија.

Зборуваме за основоположниците на циркуларната економија, модерни технологии и рударство. Еден таков процес е Пиролиза и гасификација

Пиролиза доаѓа од кованицата на зборовите pyro (оган) и lysis (раздвојување). Тоа е процес на термичко разложување на супстанции кои се јавуваат како последица на долготрајно изложување на високи температури. Но, без контакт со кислород и останати оксидациони средства или вода. Инаку пиролизата како природен процес постои и во природата, но и во нашите кујни. Се работи за затворен систем за преработка односно рециклажа за гума. Затворен систем, без мирис и без контакт со надворешната средина. Се добива жица и нафта, ама се ослободува и топлинска енергија која пак во затворен систем може да се користи 24/7 за загревање на градинки, училишта, болници итн. и тоа производителот да го даде како општествено одговорна компанија.

Драги мои. Рудници во Македонија постојат 4.000 години пред Исус Христос. Со неверојатна технологија за обработка. Пред 50 години секаде каде има рудник во Македонија имало наталитет, домаќинлак и економски просперитет. Ние поборниците за финансиска независна и суверена Македонија нема повеќе да ја вртиме главата. Туку напротив со сета сила ќе помогнеме и ќе оствариме она што им е најпотребно на граѓаните: СРЕЌА.

Поврзани содржини