СЕ СУДРИЛ СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО, ВЕДНАШ ГО УАПСИЛЕ? Двајца тешко повредени во сообраќајка во Охрид
Возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
На крстосницата на булеварот „Железничка” со улицата „Будва” во Охрид ноќеска околу полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд” со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Н.(37) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд”, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.