НЕ ГО ЗАБОРАВАЈТЕ ЧАДОРОТ Од петок времето ќе биде стабилно, но утрата ќе бидат студени

Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. До четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР.

352

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток, информираше УХМР.

„Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. До четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во четврток врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури“, информираше УХМР.






Поврзани содржини