🎥 ДОНЧИЌ СИ ПОИГРА СО ЛЕБРОН Словенецот уште еднаш демонстрираше кошаркарска генијалност 

Словенечкиот кошаркар го предводеше Далас во победата на ЛА Лејкерс, а потегот што го одбележа мечот го изведе на почетокот на втората четвртина кога му асистираше на Џош Грин додавајќи му ја топката низ нозете на Леброн Џејмс.

739

Лука Дончиќ го предводеше Далас синоќешниот триумф против ЛА Лејкерс (104-101) во дербито во НБА. Натпреварот во арената „Crypto.com“ го одбележаа  Дончиќ и Кајри Ирвинг, кои заедно постигнаа повеќе поени од сите останати кошаркари во тимот на Далас.

Словенецот го заврши мечот со 30 поени, Кајри со 28, додека останатите 46 ги поделија соиграчите, што беше доволно за Далас да го скрши отпорот на „езерџиите“
Дончиќ уште еднаш демонстрираше чиста кошаркарска генијалност, во неколку наврати ја „врза во јазол“ одбраната на Лејкерси, а најдобриот потег дефинитивно го направи на почетокот на втората четвртина кога му асистираше на Џош Грин додавајќи му ја топката низ нозете на Леброн Џејмс.






„Кралот“ не очекуваше ваква разврска од Словенецот и додека сфати што се случува, Грин веќе ја дофати топката, се дигна на шут и погоди тројка, за 40:29 во тој момент за Далас.

Поврзани содржини