За денеска, петок 17 ноември, Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец.
Попладне, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 литри на метар квадратен).
Поради спуштање на значително постудена воздушна маса, во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
В сабота и в недела времето ќе биде студено, со максимални температури до 12 степени. Метеоролозите најавуваат силен ветер, некаде и со брзина до 80 километри на час, како и слаб снег на повисоките мета.
В понеделник утрото ќе биде студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени.