Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои мастерсот во Париз. Денеска во финалето лесно во два сета го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Србинот првиот сет го доби со 6-4 со еден брејк, во вториот Ѓоковиќ зема два брејка и го доби сетот со 6-3.
Ова е негов 40. Мастерс трофеј и вкупно 97. титула во кариерата која најверојатно ќе го остави на чело на АТП листата до крајот на годината, а со тоа ќе ја надмине бројката од 400 недели на врвот. На утрешната ранг-листа, разликата меѓу него и Алкараз ќе биде 1.490 бода, а завршниот Мастерс кој почнува кон крајот на неделава носи 1.500 бода.