ПРИТВОР ЗА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ОД ПРЕДМЕТОТ „СИНЏИР“ Приведениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување

Во полициската акција под кодно име „Синџир“, која беше спроведена во градовите Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, а во која полицијата ловеше финансиски криминалци, опфатени се вкупно 26 физички и 28 правни лица.

579

Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на првопријавениот во акцијата „Синџир“, соопшти Управата за финансиска полиција. Од  таму велат дека првопријавениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување.

Според наводите содржани во Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори обвинети за злосторничко здружување ​кое ја оштетило државата за речиси 8 милиони евра.






Во полициската акција под кодно име „Синџир“, која беше спроведена во градовите Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, а во која полицијата ловеше финансиски криминалци, опфатени се вкупно 26 физички и 28 правни лица. Уапсени беа 20 лица, по шестмина се трагаше, а истрага има за 28 фирми за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.

ПОЛИЦИЈАТА ВРЗА 20 ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛЦИ ВО „СИНЏИР“, ШЕСТМИНА ПОБЕГНАА Злосторничко здружување ја оштетило државата за речиси 8 милиони евра

Поврзани содржини