РАБОТНИЧКИ НАЗНАЧИ НОВ ТРЕНЕР Самарџиев ќе го замени Мираковски

Самарџиев се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно.

143

Кошаркарскиот клуб Работнички денеска  го назначи својот поранешен играч Горан Самарџиев за нов тренер на местото на Димитар Мираковски.

Самарџиев се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно, со кој пред две недели ја прекина соработката.






-Не кријам дека ова е мојот омилен тим, клуб во кој долги години со гордост бев играч, а сега се враќам и како тренер. Токму затоа и воопшто не размислував, знаев дека оваа понуда не се одбива. Разговорите севкупно траеја околу една седмица се додека управата не ја донесе конечната одлука, можам да кажам дека ова ми беше една од најдолгите недели во животот, но сега сум пресреќен бидејќи добивам шанса да водам тим како Работнички. Јасно е, амбицијата е да се бориме за сите трофеи на домашната сцена, конкуренцијата е силна, но верувам во себе и во екипата што ја имам на располагање – изјави Самарџиев за спортскиот портал Екипа.

Самарџиев (42) во минатото го предводеше Еуро Никел со кој дојде до финалето во плејофот во сезоната 2020/2021.

Работнички сезонава имаше неуспешен настап во квалификациите во ФИБА Еврокупот, а во домашното првенство има ефект од три победи и два порази по воведните пет кола. 

Поврзани содржини