📷 СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ГО ПОБЕДИВ КАРЦИНОМОТ УШТЕ ЕДНАШ Зоки Фаци се огласи од болница по операцијата
Новинарот и водител, Зоран Василевски - Фаци, вчера бил опериран на Одделот за реконструктивна хирургија во Државна болница.
Новинарот и водител, Зоран Василевски – Фаци, вчера бил опериран на Одделот за реконструктивна хирургија во Државна болница.
Василевски во едно од видеата што ги објави синоќа, вели дека се надева дека карциномот повеќе никогаш нема да му се врати.
View this post on Instagram
„Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срце на целиот тим на д-р Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и на сите вработени на пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш“, им се обрати Василевски на следбениците.
Василевски претходно беше опериран од карцином на ногата, а сега преку фотографии и снимки на својот профил на Инстаграм откри дека повторно бил подложен на операција. Тој неколкупати јавно зборуваше за тешкиот период низ кој поминувал тогаш.