ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА НА „РОКИ“ Силвестер Сталоне се збогува од актерската легенда
Бурт, кој го играше најдобриот пријател и помошник на Роки (го толкуваше Силвестер Сталоне во истоимениот филм), почина во Лос Анџелес, а причината за смртта не била откриена.
Бурт Јанг, актерот најпознат по улогата на Пол Пенин во филмовите за Роки почина на 83 години. Тажната вест ја потврдила ќерка му Ен Мореа Штаингизер, пишува „Гардијан“. Бурт починал на 8 октомври, но светските медиуми сега ја објавија веста.
Бурт, кој го играше најдобриот пријател и помошник на Роки (го толкуваше Силвестер Сталоне во истоимениот филм), почина во Лос Анџелес, а причината за смртта не била откриена.
– Бурт беше актер со огромен емотивен опсег. Можеше и да те расплаче или да те преплаши до смрт – изјавила менаџерката на Јанг, Линда Бенски, за „Пипл“.
Силвестер Сталоне му оддаде почит на социјалните мрежи.
„За мојот драг пријател Бурт Јанг, ти беше неверојатен човек и уметник, а мене и на светот многу ќе ми недостигаш“, напиша Сталоне покрај фотографијата од филмот.
Тој е роден како Џералд Томазо Делуиз во Квинс, Њујорк. Тој беше во американските маринци во 50-тите, а подоцна студираше глума. Продолжи да гради кариера претежно играјќи тешки италијанско-американски ликови на телевизија и на филм.
Најмногу е запаметен по улогата во Роки. За таа улога доби номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога. Јанг ја повтори својата улога како Поли во сите шест оригинални продолженија на Роки. Неговите други филмови се „Кинескиот кварт“, „Папата“ од „Гринич Вилиџ“ и „Некогаш во Америка“.
Јанг глумеше во повеќе од 160 филмови и TB-серии.
Во подоцнежните години Јанг се прослави како сликар, а неговите дела беа изложени во галериите во светот.