„23 ОКТОМВРИ“ ЗА ТИМОТ ШТО ИЗВРШИ ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ Награди и за фотографот Роберт Јанкуловски и за писателот Блаже Миневски

Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Одборот.

298

Годинешната државна награда „23 Октомври“ за остварување во областа на науката и образованието му се доделува на тимот за трансплантација на црн дроб, реши Одборот за доделување на наградата.

Членови на наградениот тим се проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.






Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.

Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Одборот.

Поврзани содржини