ПОЈАСОТ ГАЗА ЌЕ БИДЕ ГЛОБАЛНО ПРАШАЊЕ Став на Израел за статусот на палестинската енклава
Статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава ќе биде „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји - изјави портпаролот на израелската војска.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава ќе биде „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји.
– Разговаравме за сите видови сценарија за крај. Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање – истакна адмиралот Хагари на брифингот, на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија.
Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври.
Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад.
Според инфиормациите од Светската здравствена организација (СЗО), 2.800 се убиени, а 11.000 се повредени во Газа од почетокот на израелските воздушни напади.