ХАМАС КИДНАПИРАШЕ МОМЧЕ ПО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА Музичарот учествувал на фестивал посветен на мирот
Тој и неговите пријатели се возеле до засолниште за да се сокријат од ракетите, но биле пресретнати и киднапирани – и раскажал на мајката пријател на нејзиниот син.
Членови на Хамас го киднапирале во Израел 22-годишниот млад човек Алон Охел, чие семејство е по потекло од Нови Сад и кој има српско државјанство, соопшти Амбасадата на Израел во Србија.
Момчето е еден од многуте учесници на фестивалот Нова, кои беа киднапирани кога Хамас ја нападна израелската територија во близина на границата со Појасот Газа на 7 октомври.
Идит Охел, мајка на киднапираниот млад човек, за Косово онлајн изјави дека нејзиниот син бил киднапиран додека учествувал на музички фестивал, каде што имало околу 2.500 луѓе.
– Околу шест часот наутро имало масовен ракетен напад на областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели се возеле до засолниште за да се сокријат од ракетите, но биле пресретнати и киднапирани – и раскажал на мајката пријател на нејзиниот син.
Alon Ohel, 22-year-old Israeli Serbian citizen, was kidnapped during a music festival in southern Israel by #Hamas terrorists.#bringthemhome #BringBackOurFamily pic.twitter.com/qBiZhtORMZ
— Ambasada Izraela (@IsraelinSerbia) October 17, 2023