ДУХОВНОТО ВО АПСТРАКТНОТО СЛИКАРСТВО Отворање изложба и промоција на книга на Татјана Миљовска
Ќе бидат изложени слики творени во последните шест години, изработувани напоредно со создавањето на теоретското дело „Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство“.
Во галеријата Метаноја на 18 октомври (среда) во 19 часот Издавачката куќа Темплум и галеријата Метаноја ќе ја промовираат книгата „Духовното во апстрактното сликарство“ на македoнската ликовна уметница Татјана Миљовска и истовремено ќе отварат нејзина изложба.
Ќе бидат изложени слики творени во последните шест години, изработувани напоредно со теоретското дело „Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство“.
„Главна преокупација на авторката е возобнување на духовните стремежи во современ контекст, а врз основа на темелите поставени од историската авангадра, во време на длабока криза во којашто е западнато нашето општество. Преку сликарството авторката ја истражува и открива визијата за примарната духовност, која на почетокот на овој век се манифестира како еколошко просветлување и ни ја предочува основната човекова предиспозиција за создавање хармоничен однос со природата, благодарение на интуицијата и креативната емоција“ – се вели во рецензијата на книгата.
Промотор на книгата ќе биде Никола Гелевски од издавачката куќа Темплум, а изложбата ќе ја отвори д-р Коста Милков од галеријата Метаноја.