ДЕЛ ОД КИСЕЛА ВОДА ОСТАНА БЕЗ ПАРНО И НЕ СЕ ЗНАЕ ДО КОГА Екипи на ЕСМ дистрибуција го бараат местото на дефектот
Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок.
Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, индормираа од ЕСМ дристрибуција на топлина.
Оттаму додаваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.
Од ЕСМ дистрибуција на топлина не знаат колку време нема да има парно за овој дел од Кисела Вода.
„Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, се наведува во соопштението.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.