ЌЕНЕФИТЕ ВО ЈСП БИЛЕ „ФУНКЦИОНАЛНИ“ Потребно е реновирање, но хигиената се одржува, демантира ЈСП „Скопје“

ЈСП објаснува дека комплетна реконструкција на помошните простории не е извршена во гаражите во Ѓорче Петров од 2007 година, а во Автокоманда од 2017 година, но тековно се вршат сите неопходни зафати за санација на одредени дефекти.

351

Тоалетите и помошните простории се функционални и хигиената во нив редовно се одржува, велат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, откако Плусинфо објави фотографии и видеoснимки кои ни ги испратија незадоволните вработени.

„Факт е дека во делови од просториите е неопходна поголема реконструкција, за што актуелното раководство веќе презема конкретни мерки кои ќе се имплементираат во Планот за јавни набавки за наредната година“, велат од ЈСП за Плусинфо.






Оттаму додаваа дека комплетна реконструкција не е извршена во последните години (во Ѓорче Петров од 2007 година, а во Автокоманда од 2017 година), но тековно се вршат сите неопходни зафати за санација на одредени дефекти и отстранување на други недостатоци како просториите би биле функционални.

„Одговорно тврдиме дека хигиената во тоалетите и помошните простории се одржува секојдневно со сите неопходни средства за чистење, дезинфекција и слично“, информираат од ЈСП.

На фотографиите и видеоснимките кои ги објави Плусинфо можеше да се видат црн наместо бел мијалник, расфрлани пластични шишиња по подот. Поцрнети полски тоалети. Во помошните простории крововите протекуваа, дел од прозорците се без стакла.

Плусинфо разговараше со неколку вработени во овие бази, кои ни испратија и фотографии и видеоснимки.

– Погледнете ги тоалетите, ако може така да се наречат, како и помошните простории што ние како вработени ги користиме во гаражата во Ѓорче Петров. Сигурен сум дека е слично или исто и во Автокоманда. Ниту е искречено со години, ниту има назначено хигиеничар да ги зачисти ќенефите. Тотална катастрофа е ова што се случува во претпријатието – вели возач кој сакаше да остане анонимен, бидејќи тврди дека дисциплинската комисија во ЈСП постојано ги казнува вработените од 10 до 30 отсто од платата од 3 до 6 месеци.

📽 НИ ТРПЕЗА, НИ ДОСТОИНСТВЕН ТОАЛЕТ На механичари и возачи од ЈСП „Скопје“ им дојде преку глава од нехигиената

Поврзани содржини