МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ МАЛТА Се враќа надежта за Европското првенство

Головите за Македонија ги постигнаа Елиф Елмас и Јован Манев.

1,176

Фудбалската репрезентација на Македонија на гостувањето кај Малта славеше победа со 0-2 во квалификациите за Европското првенство.

Головите за Македонија ги постигнаа Елиф Елмас и Јован Манев. Македонската репрезентација одигра на високо ниво и по ремито со Италија во Скопје носи нови три бода од Малта со кои се враќа надежта за ЕП.






Македонија рано го отвори резултатот и со погодокот на Елиф Елмас поведе уште во 5.минута од натпреварот.

На пет минути до крајот на првиот дел, Барди центрираше од корнер, а Јован Манев го постигна својот деби гол за репрезентацијата и зголеми на 2-0.

По пет одиграни натпревари во квалификациите за ЕП, Македонија има седум бода исто колку што имаат Италија со натпревар помалку и Украина.

Поврзани содржини