ПОЛ ПОГБА ПАДНА НА ДОПИНГ Францускиот репрезентативец суспендиран на неопределено
Доколку и вториот тест биде позитивен, францускиот фудбалер го чека суспензија од 2 до 4 години што најверојатно ќе значи и неславен крај на неговата кариера.
Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба е суспендиран од италијанската анти-допинг агенција поради позитивен допинг тест. Погба случајно бил избран на тестирање, а резултатите од тестот потврдиле зголемено ниво на тесторстерон.
Италијанската агенција на фудбалерот на Јувентус му изрече суспензија на неопределено време додека се чекаат резултатите од вториот тест.
Доколку и тие бидат позитивни, на Французинот го чека суспензија од 2 до 4 години што најверојатно ќе значи и неславен крај на неговата кариера.
Nota della società
— JuventusFC (@juventusfc) September 11, 2023