Царинска управа заплени 4 тона апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, соопшти институцијата.
„Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и со медицински средства. Стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана. Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје“, соопшти Царината.
Запленети се 48.000 кутии гел за орална употреба „орал џели камагра“ во пакувања од 100 мл, 10.530 ленти со таблети „камагра“ од 100 мг и 7.000 кутии со таблети „ценфорце“ од 100 и од 150 мг.