📽 ПОЖАРОТ ГИ ЗАФАТИ ПРВИТЕ КУЌИ ВО БЕЉАКОВЦЕ Изгореа стара куќа и плевна

Поради можното загрозување на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС – рече Стојанче Ангелов.

314

Противпожарните екипи се борат со пожарите во Старо Нагоричане, при што досега изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој е на местото на пожарите, рече дека пожарот стигнал до првите куќи во Бељаковце.






– Изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна – вели Ангелов.

Toj додада дека авионите на Државниот завод за спасување и хеликоптерот на МВР значително помогнале.

Голем пожар попладнево изби во атарот на с. Руѓенце, Општина Старо Нагоричане. Ненадејниот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него. Побарав прогноза од УХМР, но ме известија дека не се очекува дожд во тој регион. Поради опасноста од загрозување на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС – рече Стојанче Ангелов.

 

Поврзани содржини