(ФОТО) ЈА НАЛУТИ ЈАВНОСТА, ПА ЈА НАПАДНАА СО КОМЕНТАРИ Марта Стјуарт откина санта мраз за да си го разлади коктелот
Марта e на крстарење од Исланд до Гренланд со компанијата „Свон Хеленик круисес“ и се пофали како ја поминува вечерта, а притоа успеа да ја налути јавноста.
Марта Стјуарт (82), американска претприемачка, се пофали со фотографии од бродот за крстарење и покажа како ужива во коктел. Необично тука е тоа што Марта откинала парче мраз и го додала во пијалакот.
Позната по своите рецепти и животни совети, но Марта овој пат се најде на мета на критики поради нејзиниот необичен начин на пиење на пијалакот.
Марта e на крстарење од Исланд до Гренланд со компанијата „Свон Хеленик круисес“ и се пофали како ја поминува вечерта, а притоа успеа да ја налути јавноста.
82-годишната Марта стана мета на критика откако искористи „мала санта мраз“ за да го разлади својот алкохолен пијалак на крстарењето од Исланд до Гренланд.
View this post on Instagram
На фотографиите таа покажа дека се послужила со парче мраз за да го разлади коктелот.
– Вечерва растопивме мало парче мраз за коктелите – објаснила таа, а набрзо почнале да се јавуваат фановите.
– Марта, глечерите се топат, не ги ставај во пијалак – гласи еден коментар.
– Тие работи треба да ги оставиме во океанот – и напишаа на социјалните мрежи.
Инаку, таа неодамна зборуваше за љубовните проблеми во третата животна доба, а многумина ги изненади со својата морбидна изјава кога рече дека чека да умрат нејзините пријателки за да биде со нивните сопрузи.
ФОТО: Инстаграм