НОВ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Макрон замислува „ЕУ со повеќе брзини“
ЕУ тешко функционира со 27 членки, со 32 или 35 нема да биде полесно, потребни се реформи, рекол францускиот претседател
По ветувачката најава од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дека ЕУ ќе биде подготвена за ново проширување до 2030 година, од Париз стигна „нов француски предлог“ кој не е најповолен за земјите кои чекаат влез во ЕУ.
Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека ЕУ тешко функционира со 27 членки, со 32 или 35 нема да биде полесно и дека ЕУ ќе треба да се реформира ако сака да прими нови членки.
-Ризично е да мислиме, дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со „повеќе брзини – рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.
Францускиот претседател не објасни како ќе функционира Европа „со повеќе брзини“, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ.