Тетовка си ја истепала мајка си, поради што е задржана во полициска станица.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.30 часот, ја уапсиле 38-годишната тетовка А. Н.
„Таа била пријавена од 64-годишната мајка дека физички ја нападнала во објектот во кој работела“, велат од СВР Тетово.
Тетовката А. Н. задржана е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против неа ќе има соодветен поднесок, информира МВР.