ВАГНЕР СО ПУТИН ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПООПАСЕН Полскиот премиер упати предупредување
Вагнер е под раководство на Путин. Секој сам нека си одговори на прашањето - дали заканата ќе биде поголема или помала? Што се однесува до мене, тоа е реторичко прашање - вели Моравјецки.
Платеничката група Вагнер ќе биде уште поопасна под раководство на рускиот претседател Владимир Путин, сугерираше денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
– Вагнер е под раководство на Путин. Секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала? Што се однесува до мене, тоа е реторичко прашање – рече Моравјецки на прес-конференција.
Приватната воена група „Вагнер“ беше контролирана од Евгениј Пригожин, за кој се верува дека загинал во авионска несреќа вчера во Русија. Силите на Вагнер беа преместени во Белорусија по бунтот предводен од Пригожин, а нивното присуство во Белорусија, посебно во пограничните области, се смета за потенцијална закана за соседна Полска, членка на НАТО.