ТИНЕЈЏЕР ВО ГЕРМАНСКО УЧИЛИШТЕ ИЗБОДЕЛ ОСНОВЕЦ Потоа се самозапалил

1,388

Германски тинејџер на возраст од 16 години избодел третоодделенец во Бишофсверд, а по злосторството се самозапалил, пренесуваат медиумите во регионот.

Наставничката го вклучила алармот околу 9.40 часот. Според информациите на „Билд“, млад човек вооружен со нож истрчал во зградата на основното училиште во Кирхштрасе и тешко повредил дете, кое имало осум години. Основното и средното училиште се наоѓаат едно до друго во Кирхштрасе.

Полициски единици упаднале во основното училиште и ја опколиле областа. Учениците биле однесени на безбедно, а училниците биле обезбедени.

Според информации на „Билд“, ученикот од трето одделение бил тешко повреден, но не му бил загрозен животот. Неговата состојба е стабилна. Други повредени ученици нема.

Како што пренесуваат медиумите, момчето што се самозапалило е пренесено во болница, но не се знае неговата состојба.

Засега нема информации за можниот мотив.

Поврзани содржини