МУЦУНСКИ ЌЕ ГО ДОНИРА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТАТА ЗА ЛЕОНИД Општина Аеродром ќе организира хуманитарен настан, парите ќе бидат за лекување

766

Разликата од покачувањето на платата кое неодамна го добија избраните и именувани функционери, градоначалникот Тимчо Муцунски во следните неколку месеци ќе го донира како поддршка за лекување на младиот Леонид кој пред неколку недели доживеа несреќа во соседнa Грција.

„Станува збор за младо момче, успешен и амбициозен средношколец од општина Аеродром кој во изминатиот период со финансиска поддршка од Општина Аеродром учествуваше и неговиот тим го освои првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge““, соопшти Општината.






Освен финансиската поддршка од градоначалникот Муцунски, Општина Аеродром во следниот период ќе организира хуманитарен настан на кој собраните средства ќе бидат донирани токму во оваа намена.

Муцунски пред неколку месеци најави дека со разликата во платата ќе дава поддршка во различни хуманитарни настани и ќе поддржува лица со социјален ризик. Согласно оваа најава, тој во изминатиот период во неколку наврати даде поддршка за десетина хуманитарни иницијативи и настани.

Поврзани содржини