ТАТКО МИ МЕ СПАСИ ОД ПСИХОПАТОТ Сведоштво на девојката која во убиството во Градачац ги загуби таткото и братот

Сите во градот знаеја дека Нермин е силеџија, психопат... Тој отсекогаш бил, не станал одеднаш сето тоа. Имаше многу кривични дела, а малку пријави. Имаше кривични пријави, но не и пресуди - вели Џенана Ондер.

1,484

Џенана Ондер, девојката на која убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, во неговиот крвав поход пред две недели и ги одзеде таткото и братот и ја повреди нејзината мајка, откако претходно ја уби и неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, првпат јавно проговорија по убиството и откри дека поминува низ тешки трауми.

– Да, точно е, го познавав убиецот. Цел град го знаеше, Градачац е мало место – вели 24-годишната девојка за Аваз.






Девојката открива дека Сулејмановиќ уште кога била малолетна се обидувал да стапи во контакт со неа и дека најзиниот татко не му го дозволил тоа и ја спасил од насилникот.

– Кога имав само 15, а тој 26 години, тој во неколку наврати се обиде да стапи во контакт со мене, со што го запознав мојот покоен татко. Татко ми не дозволи, сфати дека единствената намера на овој човек е да оствари материјална корист од моето семејство и дека не бира средства за да дојде до тоа. Татко ми ме испрати во Германија на два месеци за да ме заштити од Нермин. Го имав видено Нермин неколку пати во животот, но со него никогаш не остварив никаков контакт. Фала му на Алах, татко ми го спречи тоа на време – открива Џенана Ондер.

Револтирана од бројните медиумски написи за наводно земање пари и бегство со убиец, Џенана вели дека тоа е лага и дека во целата траума поради загубата на таткото и на братот, уште повеќе ја повредило сето тоа што се случувало по трагедијата.

Дел од медиумите објавија дека девојката тогаш украла пари од својот татко и побегнала со Сулејмановиќ, но Џенана вели дека вистината била поинаква.

– Нермин го ограби моето семејство во септември 2015 година, украде 54.200 евра од семејниот дом и поради тоа татко ми водеше судски спор со него во следните осум години. Тој на минатото рочиште призна некои работи, но тоа се уште е завршено. Веројатно знаел дека ќе оди во затвор, па тргнал по нив – вели Џенана.

Таа наведува дека е револтирана бидејќи „медиумите се обидуваат да ги прикријат грешките и пропустите на властите, објавувајќи во јавноста некои изјави, полуинформации и апсолутни лаги на наводни пријатели на нејзиното семејство“.

– Никој не ја спомнува болката на мајка ми, која сѐ уште е во болницата во Тузла во тешка состојба, која за еден ден ги загуби сопругот и синот, а за малку и самата ќе им подлегнеше на повредите – вели девојката.

Таа истакнува и дека сите во Градачац знаеле дека Нермин Сулејмановиќ отсекогаш бил насилник.

– Сите во градот знаеја дека Нермин е силеџија, психопат… Тој отсекогаш бил, не станал одеднаш сето тоа. Имаше многу кривични дела, а малку пријави. Имаше кривични пријави, но не и пресуди. Го заштитуваа од затвор. Не ме интересираат начините на кои е тоа изведено, ниту ме интересира тој. Семејството не може никој да ми го врат. Ама честа и угледот можеме…Со вистината ! – вели Џенана Ондер.

Поврзани содржини