ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена за да ја принуди на љубовна
Осомничениот ѝ се заканувал на 33-годишната жена дека ќе објави интимни фотографии и видеа доколку не прифати да биде со него. Полицијата поднела кривична пријава против 26-годишниот маж за демнење.
Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно снимени. Според полицијата, 26-годишен маж од истиот град се обидувал со заканите да ја принуди 33-годишната жената да стапи во љубовна врска со него.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против К.М. (26) од Кочани, поради сомнение за кривично дело „демнење“.
„Пријавениот во временски период од околу три месеци во 2026 година следел 33-годишна жена од Кочани“, се наведува во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Според полициското соопштение, заканите биле поврзани со експлицитни материјали снимени без знаење на жената.
„Ѝ упатувал и закани доколку не биде во љубовна врска со пријавениот, истиот ќе објавел експлицитни фотографии и видеа кои тајно ги снимал“, соопшти МВР.