📽 ГО ГЛЕДАЛ ПОЛЕТУВАЊЕТО, НО ЗАБЕЛЕЖАЛ НЕШТО ПОСТРАШНО Патник снимил како гори еден од моторите на авионот

Видеото го објавија американските и британските медиуми кои наведуваат дека драмата во авионот „Боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.

1,105

Драматични сцени се снимени за време на летот на авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ веднаш по полетувањето, откако избувнал пожар во еден од моторите.

Видеото го објавија американските и британските медиуми кои наведуваат дека драмата во авионот „Боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.






Видеото од овој настан го снимил еден од патниците на авионот.

Авионот, наводно, принудно слетал, а пилотот безбедно го вратил леталото на аеродромот во Хјустон.

„Саутвест ерлајнс“ во соопштение наведе дека авионот имал „механички проблем набргу по полетувањето“ и поради тоа бил приземјен.

Би-Би-Си јавува дека Федералната управа за авијација на САД го истражува инцидентот.

 

Поврзани содржини