(ФОТО) НОВАТА СОПРУГА НА КАНЈЕ ВЕСТ ГИ ВОЗНЕМИРИ ИТАЛИЈАНЦИТЕ Бјанка шета боса и „гола“ низ Фиренца

Во неделата кога беше објавено дека брендот „Адидас“ ги продава преостанатите залихи од колекцијата „Јези“, Канје Вест одлета за Фиренца, еден од најубавите италијански градови. Друштво на ова патување му прави неговата нова сопруга, американскиот модел и архитекта Бјанка Ценсори.

818

Контроверзниот рапер и моден дизајнер Канје Вест (46) и неговата нова партнерка, Бјанка Ценсори (28), со која се оженил, често по улиците на Лос Анџелес беа забележани како шетаат во бизарни модни комбинации. Сепак, она што во САД е нешто „нормално“, предизвикало бурни реакции во Италија, поточно во Фиренца, пишуваат „Дејли мејл“.

Во неделата кога беше објавено дека брендот „Адидас“ ги продава преостанатите залихи од колекцијата „Јези“, Канје Вест одлета за Фиренца, еден од најубавите италијански градови. Друштво на ова патување му прави неговата нова сопруга, американскиот модел и архитекта Бјанка Ценсори.






Парот е фотографиран како шета низ улиците на овој историски град и јаде сладолед, а сите се прашуваат само едно – зошто Бјанка оди боса?

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Backgrid (@backgrid_usa)


На други фотографии, Бјанка шета во провидно боди, без градник. Италијанците биле налутени од Бјанка, која шетала низ главниот град на Тоскана во проѕирна маица која ѝ ги откривала брадавиците. Нејзиниот моден избор бил наречен „невкусен“ и „дегутантен“.

Покрај маицата, таа облекла и беж хулахопки, додека косата ја покрила со кафеава ткаенина.

„Апсолутно невкусна и ужасна комбинација. Не ми е гајле како таа се облекува, но тоа треба да постои некој кодекс. Мислев дека Италија е една од многуте европски земји каде што можете да бидете казнети поради несоодветно облекување“, напишал еден Италијанец на социјалните мрежи.

Многумина истакнале дека италијанската култура не е иста како она во Мајами или Лос Анџелес и дека таквото облекување е целосно неприфатливо. На сметка на познатиот пар биле упатени и бројни навреди.

„Вакво „ѓубре“ во Италија не ни е потребно“, напишал огорчен корисник на социјалните мрежи, пренесува „Дејли мејл“.

Корисниците од другите делови на светот го повторија ова мислење, со еден коментар: „Планирајќи патување во Италија, неколкупати прочитав дека Италијанците се многу модерни и се прилично конзервативни во изборот на облека. Се прашувам што мислат за овој егзибиционизам?“

Поврзани содржини