ФАТЕН СКОПСКИ КРАДЕЦ НА ВЕЛОСИПЕДИ На сослушувањето се заканил со штрафцигер
При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од МВР.
Полицијата приведе 32-годишен скопјанец кој крадел велосипеди на подрачјето на Кисела Вода и Аеродром. Осомничениот ги признал делата, а одземените предмети се вратени на сопствениците. По сослушувањето на крадецот, во полициската станица се случил инцидент, осомнилениот извадил штрафцигер и се заканувал дека ќе се самоповреди, а потоа нападнал полициски службеник.
„По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07.2023 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром.
Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците. При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“ – информираат од МВР.