ИСКРШЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПОРТПАРОЛКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Митева им порача на сторителите дека воопшто не стравува, туку сега е похрабра
Можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, вели Митева.
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека утрово на паркингот пред нејзината зграда го затекнала демолиран својот автомобил.
„Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“, пишува Митева на Фејсбук и додава:
Таа додава дека ако некој мисли дека пораката е примена и дека не чувствува страв поради овој настан.
„Можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, вели Митева.