(ВИДЕО) МАЛ АВИОН СЕ УРНА НА КРОВ НА КУЌА Повредени три лица во несекојдневниот инцидент во САД

Двокатната куќа врз која се урна авионот се наоѓа во Џорџтаун, во куќата во моментот на несреќата немало никој.

130

Три лица се повредени откако мал приватен авион се урна вчера околу пладне на покрив од куќа во Тексас, соопштија американските власти. Двокатната куќа врз која се урна авионот се наоѓа во Џорџтаун. Во куќата во моментот на несреќата немало никој, пренесува Sky News.






Сите три лица кои биле во авионот се повредени и пренесени во болница, но немаат повреди опасни по живот.

Противпожарната служба на Џорџтаун во вчерашната објава на Фејсбук соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе започне истрага за несреќата.

Поврзани содржини