ЌЕ НАСТАНЕ ЛИ ХАОС СО ДОКУМЕНТИ ПО 12 ФЕВРУАРИ ДОГОДИНА? Кратко е времето за внесување на „Северна“ во личните карти, пасошите, возачките дозволи…

Ова ќе значи дека на 13 февруари без нов документ во кој ќе стои „Република Северна Македонија“ нема да можете да преминете надвор од границите на земјата. И внатре во државата ако ве сопре полицаец ќе може да ве казни поради несоодветните документи.

6,770

Сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република Македонија“ нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, велат од МВР за Радио Слободна Европа. Прашање е дали ќе настане хаос со оглед на краткиот период од шест месеци во кој граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи.

Ова ќе значи дека на 13 февруари без нов документ во кој ќе стои „Република Северна Македонија“ нема да можете да преминете надвор од границите на земјата. И внатре во државата ако ве сопре полицаец ќе може да ве казни поради несоодветните документи.






Институциите исто така нема да ги прифаќаат старите документи.

 

Поврзани содржини