МОЖЕ ЛИ МОРАТА ДА ГО ЗАМЕНИ ЛУКАКУ? Интер испрати понуда за Шпанецот, еве колку нуди

Мората минатата сезона забележа 45 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и три асистенции. Неговиот важечки договор е до летото 2024 година.

101

Интер му испратил на Атлетико Мадрид понуда за купување на напаѓачот Алваро Мората, објави „Football Italia“.

Според италијанскиот медиум „нероаѕурите“ се во потрага по нов напаѓач откако решиле да го отфрлат Ромелу Лукаку. Интер понуди 15 милиони евра за 30-годишниот Шпанец.






Мората минатата сезона забележа 45 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и три асистенции. Неговиот важечки договор е до летото 2024 година.

Порталот„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра.

Поврзани содржини