ЏАМИЈАТА ВО АРАЧИНОВО ДОБИ КОМБЕ „ЦИТРОЕН“ ОД ДРЖАВАТА Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека ова е спротивно на принципот на секуларност

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава.

1,061

Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди пушти во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново. Директорот на агенцијата на Фејсбук го објави следното:

„Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “ напиша директорот на агенцијата, Дритон Небиу на Фејсбук.






Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава.

– Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил едно комбе „Цитроен“ на џамијата во Арачиново. Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава, уште повеќе што во ова време на криза многу државни болници, градинки и училишта имаат реална потреба од превозни средства, а немаат средства за истите да ги набават – изјави Милошоски за Плусинфо.

Поврзани содржини