НОСЕТЕ ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ Температурата ќе достигне до 40 степени

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени.

46

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата  ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 38 степени.






Како што соопшти УХМР, подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе има многу висока вредност, 10.

Поврзани содржини