Вчера попладне во 16.10 часот било пријавено дека на патот за село Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 50-годишниот А.И. од село Сарај, скопско, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството.