ЕДНО ЛИЦЕ Е УАПСЕНО Нападната е амбасадата на Белорусија во Хаг

343

Непознати лица ја нападнале амбасадата на Белорусија во Хаг, при што е уапсен еден осомничен, соопшти дипломатското претставништво на Белорусија.






„Инцидентот се случил  во ноќта меѓу 1 и 2 јули. Како резултат на вандалскиот чин, скршен е прозорец, а фасадата на амбасадата е извалкана“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Полицијата го привела напаѓачот.

Холандските медиуми јавуваат дека за време на инцидентот непознати лица скршиле неколку прозорци со камења и напишале на ѕидовите, меѓу кои и обвинувања против претседателот Александар Лукашенко за тероризам.

Поврзани содржини