Тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети

Не е проблем сексуалната ориентација. Имало и ќе има разлики. Проблем е радикализмот во сферата на регулирањето на правата на трансродовите лица. Проблем е радикалниот транс-хуманизам и квиро-центричниот концепт на светот.

1,322

Според добрите познавачи на трансродовата проблематика, не е можно да се зборува за неа критички, а да не се наиде на автоматска дискредитација од страна на јавната политика и на нејзините медиумски и партиски протагонисти. Па сепак, слободата постои за да се користи и за општо добро.

Затоа, ќе кажам јасно:






1. Борбата за правата на жените била, е и ќе биде праведна.

2. Дискриминација по било која основа, вклучително и по основа на сексуална определба, не смее да постои.

3. Правото на слобода на сексуалната ориентација не треба да биде спорно. Тоа треба да биде интимно, а не маркетиншко, човеково право.

4. Интимните човекови права не смеат да се претворат во радикални политички алатки и извор на нови видови дискриминација.

5. Ако со некој предлог-закон се доведуваат во прашање правата на жената во општеството, тој закон треба да биде темелно преиспитан.

6. Ако некој предлог-закон промовира „позитивна дискриминација“ во интерес на трансродовите лица, тој закон треба да биде предмет на јавна расправа и да биде ревидиран во склад со начелото на недискриминација.

7. Трансродовите политики воведоа опасна поимска конфузија и промовираат социјална нееднаквост и дискриминација.

Значи, не е проблем сексуалната ориентација. Имало и ќе има разлики.

Проблем е радикализмот во сферата на регулирањето на правата на трансродовите лица.

Проблем е трансродово насочената едукација на децата и на младите.

Проблем е тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети.

Проблем е радикалниот транс-хуманизам и квиро-центричниот концепт на светот.

Проблем е што на толку крупни проблеми (војни, трговија со луѓе и културни добра, дрога, миграција, етноцид, нов колонијализам, климатски промени), ЕУ како приоритетно прашање го поставува прашањето на транс-родовоста.

Проблем е што се создава постхумано човештво.

Пред нас гледаме гранични луѓе, гранично човештво. Светот е преполовен, болката ја чувствуваме сите.

Последниве години, дури и слободата на научните истражувања финансирани од меѓународните фондови на Западот се ултимативни: или ќе го усвоиш нивниот план за трансродово балансирање, или нема финансирање на проектот. Значи, веќе е воведен пристрасен трансродов принцип на елиминација и дискриминација во науката.

(Фејсбук статус на авторката)

Поврзани содржини