(ФОТО) СМРЗНАТИ „ОРЕВИ“ ПАЃАА ОД НЕБОТО НАД ОХРИД Градоначалникот Пецаков свика итен состанок на кризниот штаб
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.
Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината.
На моменти, градот беше со големина на орев и најверојатно предизвика штети, особено на овошките и на посевите.
Невремето што траеше околу половина час ги испразни улиците низ градот.
Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.