БЕЛОРУСИЈА ГО СМЕНИ УСТАВОТ Земјата се откажува од неутралноста и ненуклеарниот статус

Овој потег на Минск доаѓа откако Русија испрати тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија.

679

Институтот за проучување на војната (ISW) во својот последен извештај наведува дека Белорусија го променила текстот на Уставот за да се откаже од својата неутралност и ненуклеарен статус, што е потврдено од белорускиот генералштаб.

Заменик-началникот на белорускиот генералштаб, полковник Андреј Богодел, вчера изјави дека Белорусија ги направила неопходните измени на својот Устав со откажување од неутралноста и отстранување на делот за ненуклеарен статус, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“






Овој потег на Минск доаѓа откако Русија испрати тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека во Белорусија е пристигнато првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде стационирано таму.

Американскиот претседател Џо Бајден потоа предупреди дека руската закана за употреба на тактичко нуклеарно оружје е „реална“.

Поврзани содржини